Press "Enter" to skip to content

Цитати од Винка Саздова

 

„Никогаш не легнувај право в постела. Остави го денот да се распрсне, па слегни во тишината на ноќта. Убаво одмори си ја душата и дури потоа легни. Сонот сака одморени души.“- Полиња од диви нарциси

„Некогаш болката ја покрива сета љубов во тебе, онака како што црниот облак го прекрива сонцето. Чудно е тоа дека кога љубиш го љубиш сиот свет, го чувствуваш близок, свој, а кога страдаш се оддалечуваш од се. Дури и од оние кои немаат удел во твоето страдање.“- Полиња од диви нарциси

Винка Саздова уште со првиот роман создава своја читателска публика,а нејзините книги досега се објавени во над 35 изданија.

Последниот чај е воедно најуспешниот роман на Издавачки центар ТРИ со 14 изданија, а преведен е и на српски, хрватски и бугарски јазик. Двапати е прогласена за најчитан автор во 2021

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *