Press "Enter" to skip to content

Популарност на тинејџерите во групата врсници

 

Младата личност во групата на врсници својата положба најчести ја стекнува преку низ процес кој се нарекува конформирање, и се однесува на настојувањето на младата личност да биде што послична со своите врсници, нивните интереси и вредности, што потоа се одразува на положбата во помали групи на кои припаѓаат (клас, клуб во кој тренираат..)

На тинејџерите и на адолесцентите им е важно да бидат прифатени, па затоа ги следат стандардите што им ги наметнува друштвото и лидерите на групите.

Младата личност сака да биде популарна, односно прифатена и сакана во групата на врсници, така да станува многу осетлива на негативни реакции на другите врсници.

Се разбира на  младите од двата пола многу им е важно да бидат прифатени во групите на своите врсници.

Некои истражувања покажуваат како статусот во групата на врсници сепак поважен му е на машките, додека девојките повеќе тежат на припаѓање кон помала група на врсници и во истата  имаат блиски пријателски односи.

Конформирањето кај младата личност и родителите

Младата личност повеќе ќе се приклучува кон врсничките вредности кога родителот не искажува интерес за нивните значајни вредности или кога врсниците ги подржуваат тие вредности, а родителите НЕ ги подржуваат.

Влијание на популарноста 

Популарноста на младата личност  во групата позитивно се одразува на самопочитувањето и социјабилноста на младата личност.

Отфрленоста  остава последици во смисла на чувство на емоционална и социјална осаменост и  вознемиреност.

Причини

Неповолената положба во врсничката група, освен може да биде последица на срамежливост на младата личност.

 Но исто така тоа може да го зајакне чувството на срам.

Интензивното чувство на отфрленост може да доведе и до развој на телесни симптоми (потење, црвенење, несоница и пореметување на срцевиот ритам, главоболка, болки во стомакот…)

Секој во животот се нашол во ситуација во која силно сакал да биде прифатен од страна на групата врсници на која припаѓа.

Но без оглед колку паметно ги бираш своите пријатели или колку добро мислиш дека ги познаваш, порано или подоцна ќе мораш да донесеш тешки одлуки кои можеби ќе те направат непопуларен. (Тоа може да биде нешто едноставно, како одлука да не го потрошиш целиот џепарлак на прескапи фармерки кои „сите девојки ги имаат“, или можеби твојата одлука да се држиш до својот став и принцип без оглед на тоа што меѓу своите врсници не испаѓаш  „cool“).Како да се одолее на влијанието на групата

За некои од тие одлуки ќе ти треба и многу храброст. Еве некои совети како полесно да ги „преживееш“:

–           Запознај се себеси. Адолесценција е време на запознавање на себеси, состав на вредности, интереси, верувања.

–           Запрашај се, дали посакуваш да бидеш член на таа врсничка група затоа што сакаш да се чувствуваш прифатено или затоа што вистински делите заеднички вредности?

Дали твојата група на пријатели се претворила во нешто што тебе не ти се допаѓа?

–           Како твоите пријатели влијаат на начин на кој другите луѓе мислат за тебе?

–           Дали се чувствуваш заради тоа добро или лошо?

–           Слушај го својот инстикт. Ако се чувствуваш во одредена ситуација незгодно, без оглед на тоа што твоите пријатели се чувствуваат лагодно, тоа едноставно значи дека ти во таа ситуација, нешто не ти одговара и дека за тебе е погрешно. Донесување на ваков вид на одлука е важна во развојот на осознавање  на самите себеси.

–           вклучи се во активности и кон група на врсници во која добро се чувствуваш. Немој да дозволиш групата во која се наоѓаш (било да е твојот клас, друштвото од улица, мало или училиште… да те присили на одрекување од работи кои тебе ти се важни или на трошење  време и пари на работу кои тебе не ти се важни.

–           Доколку се чувствуваш изолирано, запоставено и осамено, вклучи се во активности кои те интересираат и во групи во кои се чувствуваш пријатно.

–           Тоа ќе ти помогне да се чувствуваш прифатено и најважно е што ќе ти помогне за да ги раскинеш врските со групата во која не се чувствуваш убаво или непријатно.

–           Не ограничувај се на можностите за дружење. Мали врснички групи можат да бидат многу ограничувачки и контролирачки на тоа како нејзините членови изгледаат, размислуваат. Облекуваат или се однесуваат. Не дозволувајте тоа да ви оневозможи запознавање на други интересни личности надвор од таа тесна група.

–           Различноста на луѓето кои ги запознаваш и отвореноста во дружењето може да ти помигне во пронаоѓањето на близок пријател или групи врсници  кои со тебе ги делат твоите животни вредности. Цели и начини на однесување.

–           ИЗРАЗИ СЕ Биди спремен да се завземеш за своите уверувања. Доколку ти недостасува храброст да се изразииш, секогаш можеш да избереш да не учествуваш во работите кои ти се незгодни или кои не ти одговараат.

–           Доколку не си член на групата, но  приметуваш дека членовите на групата те вознемирауваат (или дури малтретираат)  тоа дај му го до знаење на твоите професори или училишните стручни соработници (психолог, педагог).

–           Имај свое мислење. Биди осетлив и внимателен спрема другите луѓе, и не се согласувај да учествуваш во нешто што не веруваш дека е исправно, дури и ако другите тоа го прават.

–           Ти си една и единствена личност која е одговорна за своето сопствено однесување. Правите пријатели ќе го  почитуваат твоето мислење, твоите права и одлуки независно од нивните. Не се давај да те заплашат.

–           Биди добар пријател.

Како е да бидеш популарен и да имаш пријатели?

–           Тргни од себеси, биди добар пријател на другите. Луѓето кои другите ги сметаат прифатени и популарни, луѓето со кои другите сакаат да се дружат „ на долги стази“ да поминуваат време, се луѓе кои имаат способностите и квалитети да бидат прави пријатели. Да се биде пријател значи да се биде полн почитување спрема другите луѓе, чесен, заинтересиран, сигурен, искрен, грижлив и нежен. Ако сакаш да имаш пријатели, најдобар совет е :

–           БИДИ ОНАКОВ ПРИЈАТЕЛ; КАКОВ ТИ ШТО ПОСАКУВАШ ДА ИМАШ.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *